ДКСК ги објави сите 1069 институции кои не доставиле податоци за располагањето со службени возила

Државната комисија за спречување на корупцијата во соопштение потсетува дека согласно со член 8-б став 2 од Изборниот законик, јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал, се должни во рок од десет дена од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори, до ДКСК треба, да достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои располагаат.

„Согласно член 8-б став 5 од Изборниот законик, доколку горенаведените субјекти не ги достават податоците,  Државната комисија за спречување на корупцијата покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истек на рокот за доставување на податоците.

Имајќи во предвид дека постои правна празнина, односно во Изборниот законик не се предвидени прекршочни санкции за непочитување на наведената обврска, ДКСК нема можност за покренување на прекршочни постапки по овој основ.

Оттаму, а во насока на транспарентно информирање на јавноста, ДКСК објавува ЛИСТА на институции кои не ја исполниле законската обврска за доставување на податоци за моторните возила со кои располагаат, ниту доставиле информација дека не располагаат со службени возила, односно располагаат со службени возила опфатени со Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување“ се вели во соопштението.

Од она што може да се забележи од листата која ја објави ДКСК се работи 1069 инситуции кои не си ја исполниле законската обврска.