Дива депонија во околината на Визбегово го загадува воздухот

Дива депонија во околината на Визбегово го загадува воздухот. На укажување на граѓани, Инспекторатот за животна средина на град Скопје вчера направи увид при што, како што се гледа од фотографиите, станува збор за дива депонија на градежен шут, стар мебел, искината облека…

– Оваа депонија постојано се опожарува и го загадува воздухот. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. Засилените теренски контроли во овој реон продолжуваат – информираат од Инспекторатот за животна средина на град Скопје. .