„Диссомнии“ од Игор Станојоски е книга за месец ноември

„Диссомнии“ од Игор Станојоски е книга за месец ноември, достапна во сите библиотеки, во рамките на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.

Од библиотеката информираат и дека во сабота, романот ќе биде тема и на Клубот на читатели посветен на романот „Диссомнии“.

„Роман каков што досега не видела македонската литература. Уште еднаш, можеби најсилно досега, Станојоски се покажува како мајстор за заплети, брзина, акција и изобилство од дејство, шокантен во самиот крај. Да, ова е роман кој шокира и трајно се врежува во меморијата.“ - Фросина Пармаковска

„Роман што ве голта во својата пајакова мрежа, исполнета со неизвесност и со авантура што се разгорува со секоја нова страница.“ - Душко Крстевски