Директорот на училиштето во Кисела Вода: Децата беа вратени во училиште по потврдата од МВР дека може да се направи тоа

По денешната објава на Скопје Инфо во врска со евакуацијата на учениците во основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во населбата Кисела Вода, попладнево со реакција до редакцијата на Скопје Инфо се јави директорот Андреја Стојанов. Тој во целост ги демантира тврдењата изнесени од страна на анонимниот родител. 

Информацијата за поставената бомба беше добиена во 8.30 часот по што веднаш беше информирано Министерството за внатрешни работи, појаснува директорот Андреја Стојанов.Тој додава дека враќањето на децата во училиште клупи е направено по изврешените проверки од страна на службите за антитероризам и потврдата дека безбедно е децата да се вратат во своите училници. 

- Настанот за кој пишувате, односно вежбата „Земјотрес 2023“ започна еден час потоа, и на истиот беа присутни припадници на МВР, ДЗС, ППБ и Црвен крст. Повторувам настанот се случи откако Едниница за Антитероризам нé извести дека по проверката училиштето е безбедно, децидно вели тој. 

Стојанов потенцира дека како директор никогаш не би ја довел во прашање сигурноста на учениците, вработените, поканетите гости, но и лично својата безбедност.