Димоски: Криминалците во власта крадат од парите на граѓаните, некојпат тоа ескалира, па има и човечки жртви

По емитувањето на документарецот на ИРЛ за пожарот во модуларната болница во Тетово со реакција се јави поранешниот обвинител Воислав Димоски. 

Тој во својата објава нотира дека обвинителството е заробено, а неговиот став ви го пренесуваме во целост: 

- Кога со години зборувам за обвинителството како заробена институција мислам токму на она што така живописно го долови екипата на ИРЛ во нивното последно истражување во врска со пожарот во тетовската болница.

Во недостаток на стручна - обвинителска вештина, сосема очекувано Јовески избрал улога на измеќар на корумпираните политички елити. Тоа за целиот негов мандат (и живот!) го издигнал на ниво на совршенство! Криминалците во власта крадат од парите на граѓаните, некојпат тоа ескалира, па има и човечки жртви, а заробеното обвинителство активно работи на заташкување на криминалот. Тоа по сите критериуми е злосторничко здружување!

Ако сакате да ја откриете корупцијата и тргувањето со влијание во Обвинителството - само погледнете ја листата на оние кои напредуваат во хиерархијата!

Ако сакате да откриете кој обвинител покажал кичма во работењето - прашајте кому му водат дисциплински постапки орките на Јовески.

Само не знам кај ќе ви одат душите кога кариерата ви почива на туѓите несреќи!

И на јагленисани тела!