Димитар, член на познатата група „Меморија“ е вистински зависник од возење на велосипед

Во време кога поголемиот дел од граѓаните не можат да функционираат без автомобил, па се чудат зошто нема паркинг место, зошто има сообраќаен метеж, зошто е загаден воздухот, Димитар Божиков не може да замисли да му помине денот без да вози велосипед, пренесува 21ТВ.

Не потекнува од Скандинавските земји, ниту од Холандија, но на велосипед е од „мали нозе“, a  вам ви е попознат како член на познатата група Меморија и илустратор.

„Првиот велосипед го добив некаде далечната 65. Моите кога беа во Загреб на работа, се викаше Мики“, вели Димитар Божиков.

Велосипедот бара одржување во зависност од сезоната. Не може  со исти гуми да се вози и на дожд и на снег и на суво вели Божиков, бидејќи тој вози не зависно од временските услови, како што вели и камења да паѓаат. Се заштитува со соодветна облека.

„Да, да потогово кај нас нема специјализирани стази за велосипеди, гумите брзо одат, нечисто е има отпадоци се бушат гумите, тоа можат и колегите кои возат да го потврдат. Меѓутоа, јас имам се спремно во моите бисаѓи. Овој  е малку поспортски. Омилен ми е кога одам на стаза, но оној што ми  е за пазарење дневни потреби опремен ми е со, бисаѓи, резервни делови , материјали со се“, додава Божиков.

Имал и неколку непријатни случки како симнувањето  од Кучково  со велосипед, па сакајќи да го избегне кучето пред него си нанел поголема повреда. Кога е заледено во зимски услови исто така знае да биде непријатно излигувањето, но тоа веднаш се заборава со оглед на придобивките од постојаното возење. А, тоа се добра кондиција и добар изглед, придонес во незагадувањето на воздухот, избегнување сообраќаен метеж и здрав начин на живот.

„Кога е непрегледно  и кога е гужва возачите се невнимателни и сум имал состојба да ме качат на хауба“, вели Димитар.

Оваа убава навика ја има целото негово семејство, па така не само во градот возат и нив Македонија, најчесто Охрид. А еве која релација е нивни предизвик.

„Би сакале да појдеме со велосипеди до Истра, преку Албанија, Црна Гора, Босна , Хрватска до горе да се испокачиме. Но ,затоа треба и време и подготовка. Не зависи само од мене зависи и од сопругата сам не се оди нели?“, додава Божиков.

Тој не е задоволен од односот на останатите учесници во сообраќајот кон велосипедистите, но вели дека почнува да се менува трендот , почнуваат и младите да возат и оди на подобро. Холандија иако е зафатена од снежна бура, сепак Холанѓаните не се откажуваат од нивните велосипеди.

air max 90 essential sale