На вчерашниот референдум гласале вкупно 666 743 или 36,91% излезност, Државната изборна комисија ги соопшти податоците од референдумот. Од нив „за“ гласале 91,46% или 609 813, додека против гласале 37 700 односно 5,65%. Овие податоци кои ги објави Државната изборна комисија на својата денешна прес-конференција ги вклучуваат и гласовите од дијаспората.
Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски изјави дека одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината запишани во Избирачкиот список.
Извештајот со резултатите од гласањето најдоцна 15 дена од денот на нивно објавување ќе биде објавен во службен весник и иститот ќе биде испратен и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, додаде претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски.