ДИК: Излезноста до 17 часот е 28,83 отсто

Излезноста до 17 часот според податоците на Државната изборна комисија е 28, 83 отсто.

Од ДИК  на петтата прес-конференција истакнаа дека според податоците со кои располагаат до 17 часот своето право го искористиле 455.771 гласачи запишани во Избирачкиот список.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски додава дека гласањето продолжува, а во меѓувреме во ДИК пристигнале уште неколку приговори и сите беа одбиени.

-Апелирам да продолжи гласањето онака како што се одвива целиот ден, во главно сликата е добра за целиот ден и да не се дозволи да се наруши сликата за овој ден, рече Дерковски.