Девојче повредено од остар предмет, ја нападнале тројца малолетници во Гази Баба

Малолетничката од Скопје нападната од тројца други малоелтници при што била повредена со остар предмет. 

Како што соопштија од полицијата, вчера во 22.39 часот во СВР Скопје, Д.А. од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од тројца малолетници, кои ги познавала, при што еден од нив употребил остар предмет и ѝ нанел повреда.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.