Дете било нападнато од мајката на свој соченик вчера во Скопје.
Вчера во 14:00 часот во Полициската станица Карпош, 42-годишниот З.Е. од Скопје пријавил дека на 10.10.2018 година околу 18:30 часот на улицата „Женевска“ неговиот 13-годишен син физички бил нападнат од 50-годишната С.Н.Т. - мајка на негов соученик.
Според пријавеното, настанот го забележал неговиот брат 18-годишниот Ф.Е. и го оттргнал од С.Н.Т., по што и двајцата заминале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.