Детали за инцидентот во Ченто - приведени се 15 лица

Вечерва околу 19:35 часот на улицата „А. Авдовиќ“ се случила тепачка помеѓу две групи, при што едната го каменувала автобусот со број. 65 кој сообраќал на релација Транспортен Центар - Брњарци, дознава Прес 24.

Од каменувањето искршени се 4 стакла од вториот спрат на автобусот.

Во полициската станица Гази Баба приведени се 15 лица од двете групи.