Денес, во паркот Шопен се одржаа спортски активности и ликовен хепенинг

Денес, во паркот Шопен, во Општина Кисела Вода се одржаа спортски активности и ликовен хепенинг во кои учествуваа ученици од основните училишта кои се под надлежност на локалната самоуправа.

На настанот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги поздравија и ги проследија активностите на учениците.

 

На ликовниот хепенинг кој се одржа во рамки на „Европската недела на мобилност“, Темелковски и Каевски разговараа со дечињата, се интересираа за цртежите кои ги сликаа на тема „Скопје град без возила“.

Покрај ова, во паркот Шопен по повод одбележувањето на  „Европската недела на спортот“ се одржаа и спортски активности на кои учениците ги покажаа своите спортски вештини.

Дечињата ја имаа и таа можност да спортуваат, да се запознаат и да се дружат со познатите македонски спортисти, Елена Бубало, Мартин Стефановски, Даниел Трбогазов, Филип Василевски, Марија Ѓурчиновска и Жарко Батиќ. Учениците вклучени во овие активности од Агенцијата за млади и спорт добија ранци, маички и др.

Воедно, во исто време, полициски службеници од СВР Скопје, одделение за превенција и ПС Кисела Вода на присутните и на минувачите во паркот, им поделија реквизити и флаери со едукативна содржина.

Од страна на полицијата, граѓаните имаа можност да добијат совети за заштита од кражби, како и важни правила за безбедно и одговорно возење.

Присутни на настанот беа секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски, претседателот на Советот на општината Дарио Шимиќ, претставници од Град Скопје и РСБСП.