Денес се играат реваншите од полуфиналето на Купот на Македонија

Фудбалскиот Куп на Македонија попладнево ќе ги добие своите финалисти. Натпреварите се играат во Скопје и Тетово, на „Филип Втори“, Работнички ќе ја пречека Брегалница, додека на гратскиот стадион во Тетово Шкендија ја чека екипата на Хоризонт Турново.

Натпреварот помеѓу Брегалница и Работнички одигран во Штип кон почетокот на март заврши 1:1, оставајќи им блага предност на „Дебармаалци“ за влез во финалето и одбрана на ланската титула.

Шкендија пак, има комотна предност која си ја обезбеди уште на првиот натпревар во Турново, кога ја совлада екипата на Хоризонт со 2:0. За Шкендија, која е голем фаворит во натпреварот ова ќе биде 3-то финале. Двата реванш-натпревари се играат од 16:00 часот.

air max 90 essential sale