Ден Дончев си поднесе оставка од местото директор на Фондот за здравство, дознава „Републикa“.
Тој како причина за оставката наведува здравствени и семејни причини.
Дончев тврди дека оставката планирал да ја даде по изборите кои требаше да се одржат на 12 април но бидејќи тие не се случија, а најлошото со корона вирусот поминало сега почувстувувал вистинско време да го стори тоа, пишува „Република“.
Името на Дончев се поврзуваше со две големи афери, едната и доби назив „Рекет“ 2. Сопственичката на „Диамед“ го обвини Дончев дека се обидел да спречи странска инвестиција да влезе во Македонија.