Дел од Бардовци в понеделник без струја

 В понеделник од 9 до 14 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „6“ во скопското село Бардовци. 

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.