Дел од Аеродром, Кисела Вода и Карпош денеска без струја, еве каде ќе нема вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека: Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 19.10.2022 година ( среда ), без електрична енергија ќе останат:

• 08:30 - 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Блажо Орландиќ и дел од ул..12-та Македонска бригада, ( во околината на крстосницата кај кулите Џевахир). (Општина Аеродром)

• 09:00 - 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Методија Патчев во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)

• 10:00 - 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Миле Поп Јорданов. (Општина Карпош)

Без вода денеска ќе бидат: 

 • Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм во непосредна близина на пумпната станица во Драчево, од 08:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селата: Батинци и Љубош. (Општина Студеничани)

• Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф-200 мм на ул. Тодор Александров бб во населба Водно, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Периша Савелиќ и дел од ул. Тодор Александров. (Општина Центар)