Дејан Георгиевски со новоосвоената бронза е во светската спортска елита

Испишана е нова спортска историја, за прв пат во Македонија имаме бронза од финално Гранд при во Олимписки спорт, го имаме спортистот на годината. Ова го истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој постојана ја дава својата неизмерна поддршка за таеквондистот, Дејан Георгиевски. 

-Дејан Геоегиевски на лична покана учествуваше на финално ГРАНД ПРИ во Саудиска Арабија, Деки со три победи над Мартинез од Шпанија (актуелен сребрен медалист од СП) победа со доминација, над Икарио од Бразил (прв носител на турнирот) победа со доминација, и над Душебаев од Казакстан дојде до историска бронза и нови 33 исклучително значителни бодови за олимписката норма! Финалниот турнир ГРАНД ПРИ е најелитен таеквондо турнир веднаш после олимписките игри, на истиот имаат право да учествуваат само 16 најдобро рангирани во Светот, во олимпискиот официјален ранкинг по категорија - истакна Костовски.