Дали и Вие плачевте на „Тома“?

И пошироката македонска публика имаше прилика да го погледне филмот кој ги руши рекордите на гледаност во регионот – филмот „Тома“ - биографска приказна за човекот кој не го паметиме само по неговите песни, туку и по однесувањето и по душата, легендарниот пејач Тома Здравковиќ.

Многу емоции, солзи, преиспитувања колку го живееме животот кој го живееме, колку имаме душа и љубов во неа, но и колку ни недостига да бидеме храбри за да бидеме среќни...Дали и Вие плачевте на „Тома“?

Што вели македонската публика за филмот „Тома“:

-Многу убав и емотивен филм за пејач на народна музика кој не само што не расплака и не врати во едно време кога се живееше од љубов и за љубов, пријателство, музика.

-Го изгледав со особено внимание,без да трепнам. Секоја сцена е приказна за себе. Преубав филм. Браво за Бјелогрлиќ, за актерите и за сите што учествуваа во неговата реализација.

-Одлична емотивна мелодрама. Прекрасен филм. Извонредно направен, професионално избрани музичките нумери, извонредно испеани и извонредна глума на главниот/е ликови и сите останати. Уметнички филм.

-Прекрасен филм - реализација на животот и делата на еден од најдобрите Ју пејачи. Тома е човек со големо срце, многу љубов и оптимизам, познат по својот боемски живот.

-Филм кој тера да се замислите колку имате храброст да бидете она што сте навистина, колку храброст ни фали за вистинската љубов, колку ги мотивираме другите со нашите постапки, колку животот е непредвидлив...

-Да си спомнеме за Ѓоко Дончев, Момо Николоски, Пепи Бафтировски и др. Да ги охрабриме нашите режисери: жедни сме, гладни сме, да видиме филмови за нашите македонски ѕвезди и нивната скромност.