Дали австриски „Новоматик“ ќе биде новиот сопственик и спонзор на Вардар?

Порталот Sport1 пренесува дека е голема веројатноста австриската компанија за игри на среќа „Новоматик“ ќе биде новиот сопственик и спонзор на Вардар. Според нив договорот е речиси извесен, сите работи се ставени на хартија и се чека само прецизирање на некои детали. Од она што може да се очекува е формирање на буџет од неколку милиони евра, а со тоа и враќање на шампионските патеки.

Вадар како клуб доживеа агонија веднаш по заминувањето на Сергеј Самсоненко по што клубот го допре доното со испаѓање во Втората лига.

„Новоматик“ е моќна интернационална компанија, која е сопственик на 2.000 казина и останати места за игри на среќа во повеќе од 50 држави Голем дел од нив се преку брендот „Адмирал“, кој е присутен и во Македонија од 2009 година. Оваа компанија на светско ниво има преку 20.000 вработени и вкупен годишен приход од 1,8 милијарди евра.