Општина Ѓорче Петров апелира до сите граѓани кои ги паркираат своите возила на тротоарите и коловозите веднаш да ги препаркираат во своите дворови за да се овозможи непречено движење на комуналните возила (полициските, противпожарните, на Брзата помош и на возилата за собирање на комунален смет и друго).
Ова е една од мерките што ги презема Кризниот штаб на општина Ѓорче Петров во врска со вонредната состојба воведена поради справување со ковид-19.
– Во соработка со сообраќајната полиција и пајак-службата на ЈП „Градски паркинг“ ќе биде извршена контрола од инспекторите од Одделението за инспекциски работи на општината. За непочитувањето на ова наредба ќе следи подигање на возилото и парични казни – предупредуваат општинските власти.