Да бидеме хумани: Да му помогнеме на Игор од Ѓорче Петров

На социјалните мрежи беше објавен апел з апомош на Игор Станишев, познат како Егеец, од Ѓорче Петров кој минатата година доживеал мозочен удар.

„За подобро опоравување потребна е интензивна терапија во клиника во Ниш што чини 200 евра на ден, а првичната проценка на медицинскиот тим е дека опоравувањето би траело три месеци. Со оглед на тоа што Игор е сопственик на мал бизнис кој што е базиран на физичка работа, а во исто време е и единствен вработен самиот не е во можност да ги покрие овие трошоци затоа со рака на срце ве замолуваме за било каква донација што ќе биде од огромно значење“, пишува во апелот.