Да бидеме хумани: Да му помогнеме на 4-годишниот Љупче да замине на лекување во Турција

Четиригодишниот Љупче е роден со кифосколиоза пропратено со други коскеми малформации и потребни се неколку хируршки интервенции кои не можат да се изведат во Македонија, па затоа се собираат донации за тој да замине во Турција.

- Ова е Љупче, има 4 години и е роден со кифосколиоза (искривување на 'рбетот за околу 45°) пропратено со други коскени малформации. За жал искривувањето се влошува секојдневно,и за да се запре потребни се неколку хируршки интервенции. Истите не можат да се изведат во Македонија,па затоа мора да се оперира во Турција. Финансиски не сме во можност да ја собереме потребната сума,и како што е вообичаено и пракса во Македонија,за жал ,истите сме приморани да ги собираме на овој начин т.е. преку донации. Затоа ве замолувам, кој е во можност да помогне и на некој начин да придонесе да може Љупче да расте и да има детство како и сите други дечиња, се вели во апелот.

Број на трансакциска сметка:

240137118551584 Љупче Горгиев Уни Банка
IBAN : MK07240137118551584
SWIFT/BIC : UIBMMK22XXX

Броеви за донација

Телеком 143141
А1 143 482