Четиринаесетгодишно дете повредено во сообраќајка во Скопје

Четиринаесетгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа во Скопје.

Според МВР, вчера во 22 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица Индира Ганди возило „опел зафира“ управувано од М.Г.(38) од Скопје удрило во дете пешак на возраст од 14 години од Скопје.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош детето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му биле констатирани повреди и истото било задржано на Клиниката за трауматологија на понатамошно лекување. Од страна на увидна екипа бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.