Четирицикл излетал надвор од пат, тешко повредени две лица од тетовско

Вчера во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Попова Шапка – Тетово, во село Гајре, тетовско, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од 39-годишниот М.Р. од село Порој, тетовско, излетал надвор од патот, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Е.Н.(32) од с.Порој, констатирани во Клиничка болница Тетово“, соопшти МВР.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.