Четири дена екомода, дружење и забава - почнува Моден викенд - Скопје

Со роденденската ревија „Милион милји време“ на дизајнерката Лидија Георгиева, со завидно модно портфолио на релација Париз-Скопје, вечерва, во 20 часот, во „F.A.M.E.’S“ почнува 18. Моден викенд – Скопје.

До недела престижниот моден настан ќе ги донесе најновите колекции на домашни и дизајнери од регионот со темата „Модата како дел од екосистемот. Одржлива приказна“, во хотелот „Мериот“.