„ Патни трошоци не ви признаваме, а за другото че разговараме, дискутираме, дебатираме. И да знаете колку и да трае – Че си седите!!!" – вака звучеше најавата на „Златна бубамара на популарноста", популарното сатирично – музичко шоу што вчеравечер се одржа по 21-ви пат.

Академијата на Златна бубамара додели награди во 23 категории на познати личности од забавата,спортот, културата во Македонија и на Балканот.

Наградата за трајни музички вредности ја доби легендарната пејачка Маја Оџаклиевска, а „Октет Македонија“ за животно дело.

Водител на ова 21.издание , под мотото „За подобар живот“, како и изминативе години беше актерот Сашко Коцев, а на сцената се појавија и Кирил Поп Христов, Игор Џамбазов, Тијана, Џамбо Агушев, екипата од мјузиклот на Македонскиот народен театар „Мама миа“.

Инаку, како пренесоа организаторите, на годинашното издание на „Златна бубамара“ се појавија 350 луѓе на сцената – музичари, актери, спортисти, тв-лица, танчери...