Центар ќе добие нов парк и градинка

Изгласан ДУП за локалитетите Клинички центар и Геолошки завод, Градска четврт Ј 21. Во него се предвидува повеќе зеленило и паркови, од кои еден целосно нов локален парк, на површина од 1013 m2, соопшти градоначалникот на Центар Горан Герасимовски. 

- За првпат во овој опфат е планирана и градинка, со капацитет за прием на шеесетина деца. Овој ДУП предвидува безбедност на пешаците и ред во паркирањето. Во планот исто така се планирани широки тротоари, катна гаража, дополнителни паркинг-места, кои вкупно ќе бројат 600, информираше првиот човек на Центар.