Центар блесна - заврши предпразничното украсување на „срцето на Скопје“

Општина Центар го заврши новогодишното украсување. На неколку локации се поставени новогодишни елки, мрежи со сијалички, светлосни фигури, украсни лед сијалици, ѕвездени неба, забавен парк и дрвени куќички.

- И јас и граѓаните имаме потреба од позитивна атмосфера затоа ги поканувам сите да дојдат во Центар за заедно да уживаме во предновогодишната еуфорија и пред празнична среќа, порача првиот човек на општината Горан Герасимовски. 

Еве како изгледа овој дел од Скопје во пресрет на празниците!