Цените високи за купувачите - богат избор од сезонско овошје и зеленчук на зелените пазари

Во  првата половина на месец мај на зелените пазарите, најзастапен зеленчук е пролетната зелка, краставицата, младиот компир и  зелената салата  додека од овошјето доминантни се јагодите и црешите, а ги има и праските и кајсиите.

Цената на пролетната зелка се движи од 30 до 40 денари. Цената на краставиците е околу 50 денари, а на боранијата 150 денари.

Килограм спанаќ можете да најдете за 50 до 60денари, доматите се продаваат по цена од 80 денари. Младиот кромид е 20 денари, а исто толку чини и килограм моркови. Марулата чини 15 денари. Цената на овошјата е малку повисока. Килограм цреши се продаваат за 80 денари, додека килограм јагоди чинат по 100 денари. Праските и кајсиите се по 200 денари. Килограм јаболко ќе ве чини околу 60 денари. На тезгите може да се купи и лубеница, но сепак таа се уште има многу висока цена.

Продавачите велат дека цените не се многу високи, но сепак луѓето купуваат по еден килограм, додека пак за купувачите цените се големи, но сепак делат од својот буџет за купување на свежи производи.

-Секоја година овој период од годината, цената на овошјето и зеленчукот е висока. Продавачите некако слабо мислат на нас купувачите. Но, сепак за да јадеме мора да одделиме поголем дел од нашиот буџет, вели скопјанката Стана.

Пазарџиите велат дека дел од овие производи се увезени и затоа имаат висока цена.