Цело лето суша, на дожд прскаат прскалките во Аеродром

Една невобичаена слика утрово во Аеродром, и покрај облачното време прскалките на наводновуање на тревата се уште работат.  

Утрово на социјалните мрежи беше објавено видео со коментар: Тревата не смее да трпи, а дождот нема да ги одврати од желбата за зелен град.Да беа порано избориве, може и во јули ќе пуштеа прскалки.

Цело лето тревата беше сува и ненаводнета, сега во сред есен на дожд прскалките не престануваат да работат. Недомаќински и неодговорно од актуелниот градоначалник, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.