Царовска: Се набавуваат 10.000 таблети

Министерката за образование и наука Мила Царовска вечерва во „Тема на денот“ на телевизија Сител рече дека реформата почнува од септември во прво и четврто одделение, за што се прават сите потребни подготовки.

 „Стартуваме со новата концепција, по новите материјали за учење и јас сум сигурна дека ќе се покажат подобри резултати. Се се подготвува со динамиката којашто е утврдена. Што значи дека програмите се донесени. Во постапка е набавката на 10 илјади таблети. Дополнително се набавуваат кабинети за природни науки за 265 училишта. Овие кабинети се за погорните одделенија, но важно ни е да се подготви училишниот процес за овој реформски пристап кој ќе трае 5-6 години“, рече Царовска.

Министерката истакна дека тече подготовката на материјалите за учење за прво одделение кои треба да се готови до крајот на јули, а првата половина на август првите дигитални учебници треба да бидат сосема готови и да се спуштат до училиштата.

„Сметам дека целосно сме посветени на реализација на реформата и дека се тече според планот“, рече Царовска.