Царовска: Минималната плата ги даде очекуваните резултати

Минималната плата ги даде очекуваните резултати.

Таа освен што ги изедначи вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија со останатите гранки, придонесе за зголемување на просечната плата во овие сектори, но и на просечната плата во Македонија во висина од 5,6 проценти, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Со тоа, рече, постигнато е зголемување на просечната плата во производство на облека за 16 проценти, а во текстилна индустрија над 24 проценти, или раст од 3.870 денари.

Информира дека 90.000 работници добија над 12.000 денари плата. Од нив, само 10 илјади се субвенционирани од државата што покажува дека законот се имплементира без голема апсорпција на буџетски средства. Ова, според неа, укажува дека фирмите се во добра кондиција, и оти мерката не е преуранета.