Бугарска репортажа: „Во Бугарија центарот на Скопје го нарекуваат дека е кич, но верувајте, изгледа подобро од кадрите на телевизиите"

Споредувајќи ја Бугарија со четири земји од поранешна Југославија што ги посетила лани, репортерка на бугарскиот портал „Актуално“ со комплименти ја опишува Македонија, вклучувајќи го и центарот на Скопје, но ја нотира и сиромаштијата.

„Во Бугарија го нарекуваат центарот на Скопје кич, но, верувајте, изгледа подобро од кадрите на телевизиите и од објаснувањата на псевдопатриоти, за кои сè на светот е бугарско, слично како македонските историчари. Има и продавници, и аптеки лесно достапни и близу, макар и не толку многу како во Ниш. Локалното население живее сиромашно. Платата на еден македонски учител е 600-700 лева во наши пари, а цените се како кај нас. Има вино за 3-5 до 10 лева. Ноќевањето е 20-30 лева, како во Ниш“, пишува Маја Џамбазова, која ги посетила и Србија, Хрватска и Словенија.

„Македонците се топли, симпатични и, макар што живеат скромно, многу се добронамерни кон странците“, констатира таа.