Боже, не ми дозволувај да го засакам она што не е судено да биде мое

Драг Боже,

Не ми дозволувај да се врзувам за она што не ми е судено. Не ми дозволувај да засакам нешто или некој, ако планираш да ми ги одземеш.

Знам дека твојот план е непознат, но сè додека не ми го откриеш, олесни го. Не ми дозволувај да го задржувам она што треба да го пуштам да си оди. Не ми дозволувај да го посакувам она што на крајот ќе ме уништи. Не ми дозволувај да ги сакам оние кои ќе ми го скршат срцето. 

Затоа што јас лесно се врзувам и цврсто се држам за работите, па не дозволувај мојот ум да ги сака работите кои не може да ги поднесе, не дозволувај мојот ум да се труди да посакувам работи кои не ми требаат или работи кои не се добри за мене. Не дозволувај моето срце да сака луѓе кои мене не ме сакаат. Не дозволувај моето срце долго да ги бара оние кои си заминале. Не дозволувај моето срце да се заљубува во некој кој не сака да остане. 

Но, дозволи ми да ги заборавам работите кои никогаш не биле наменети за мене, дај ми верба, затоа што морам да верувам дека ми е подобро без нив. Дај ми мудрост која ми е потребна за да сфатам дека заслужувам многу подобро и дека ќе бидам среќна на некое друго место. 

Или само дај ми толеранција која сега ми е потребна, затоа што не го добивам тоа што го сакам, не ги сакам оние кои сакав да ги сакам и дај ми трпение кое ми е потребно за твоите благослови и подароци. 

Но, засега, не ми дозволувај да се држам за она што не е добро за мене. Не ми дозволувај толку да вложувам во работите или луѓето кои ќе морам да ги изгубам. Не ми дозволувај да го сакам она што не е мое. Не ми дозволувај да градам иднина на основа на привремени нешта.