„Болницата во Кичево се гради 40 години и уште не е готова, но идната недела ќе најдеме решение“, вели Меџити

Министерот за здравство Фатмир Меџити гостуваше во „ТВ21“ и зборуваше за болницата која се гради дури 40 години во Кичево.

Меџити кажа дека разговарале со фирмата која се занимава со градежните активности со цел да се најде решение.

- Мислам дека во наредните недели или идната недела ќе најдеме решение и за Кичево, кажа Меџити.