Богдановиќ: Не се откажуваме од мораториумот за градба и ќе ги искористиме сите правни мерки

Не се откажуваме од мораториумот за градба и ќе ги искористиме сите правни мерки.

Ова го рече денеска градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, откако вчера Уставниот суд донесе времена мерка за стопирање на мораториумот затоа што прифати да ја разгледува иницијативата за уставноста и законитоста на мораториумот, поднесена од Градежната комора и Стопанската комора на севернозападна Македонија.

- „Разочарани сме од оваа одлука. Се остава простор со времената мерка додека Уставен суд не донесе одлука инвеститорите да почнат постапки за добивање градежна дозвола. Имавме состанок со коморите, побаравме да ја повлечат иницијативата, но бевме одбиен. Спремаме други чекари, но од оправдани причини не ги соопштуваме сè уште“, рече Богдановиќ, пренесе СДК.МК.

- „Бараме Уставен суд да ја преиспита одлуката. Двата плана кои ги донесовме покажаа разлика и тие целосно одговараат на потребите на граѓаните. Мораториумот беше единствениот начин да се спречи градењето по лошите планови додека ги ревидираме и направиме нови кои ќе овозможат хумано живеење“, рече Богдановиќ.