Близнаците го исполнуваат нашиот живот со позитивно расположение и насмевки. Или пак, прават пекол од него!

Во секој случај, тие се личности кои никогаш не ги забораваме.

Одлични се во комуникацијата

Близнаците се најкомуникативниот знак во хороскопот. Тие имаат брз ум, весели се и ентузијастични и секогаш одлични во комуникацијата, без оглед на ситуацијата во која се наоѓаат. Сакаат да учат и да го споделат стекнатото знаење, но сакаат и да трачарат со своите пријатели. Имаат цврсти ставови за многу работи и секогаш ги бранат пред луѓето.

Брзи се

Мошне брзи се, брзо зборуваат и брзо делуваат. Без оглед на тоа дали станува збор за работата или приватниот живот, тие немаат трпение за неактивниост. Делуваат опуштено и не бараат многу, но во нивниот ум постојано се случува нешто.

Имаат повеќе лица

Близнаците се познати по тоа што имаат повеќе лица. Всушност, често во нив се кријат повеќе од две личности. Реагираат различно на енергијата на различно луѓе, но често ќе видите и дека лесно ги  менуваат своите ставови од ден на ден.

Великодушни се, но сакаат да се во центарот на вниманието

Сакаат да им помагаат на луѓето, љубезни се со сите,но сакаат и да го споделат тоа со другите. Поради тоа, обожаваат да се центар на вниманието и луѓето мислат дека сакаат површни работи.

Неодлучни се

Една од работите кои другите ги нервира кај Близнаците е нивната неодлучност. Нивното расположение се менува од минута во минута, а така и нивните одлуки. Постојано се преиспитуваат за сите нешта.