Бик, Лав и Шкорпија – најпосесивните знаци во хороскопот

Секој од знаците во хороскопот е различен, па така и тие различно и пристапуваат на љубовта. Родените во овие три хороскопски знаци важат за најпосесивни во хороскопот.

Бик

Биковите имаат потреба за сигурност и комфор, и тие не го кријат тоа од никого. Тие им веруваат на своите партнери, но исто така имаат потреба да ја контролираат врската, како што сакаат да ги испланираат и контролираат и останатите аспекти од животот. Тие се трудат да бидат суптилни, но тоа е значаен дел од врската за нив.

Лав

Кога ќе одлучат да влезат во врска, Лавовите сакаат сите да го знаат тоа. Нивната посесивност не е толку поврзана со љубомора, колку за потребата на сите да им покажат дека се во врска и со каква личност се. Тие сакаат наоколу да го покажуваат својот партнер, особено ако имаат одлично мислење за него/неа. Кај нив, љубомората се јавува ако не добијат доволно внимание од саканата личност.

Шкорпија

Шкорпиите воопшто не се ни трудат да го негираат тоа. Тие живеат според правилото Што е мое, мое е. Не ги спуштаат своите ѕидови за никој, но ако се заљубат ќе го направат тоа за личноста која ја сакаат. Сепак, некогаш се однесуваат како да сакаат да ја контролираат таа личност, а се прават поради стравот да не ја изгубат.