Бидете внимателни: Една скопска улица денес ќе функционира со исклучени семафори

Јавното претпријатие „Улици и патишта“-Скопје информираа дека денеска од 9 часот времено се исклучени семафорите на крстосницата меѓу булеварот „Водњанска“ и улицата „Васил Ѓоргов“.

Од таму велат дека нивни екипи задолжени за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници ќе почнат со активности за преместување на семафорскиот уред.

Времениот прекин на семафорите ќе трае до завршување на активностите.

-На овој потег ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и сообраќајот ќе биде регулиран со асистенција од сообраќајната полиција, соопштуваат од јавното претпријатие.