Без вода улиците „Палмиро Тољати“ во Маџари и „Среќко Пужалка“ во Ченто

Од утрово без вода се корисниците на улицата „Палмиро Тољати“ во скопската населба Маџари, информира ЈП Водовод.

„Ве известуваме дека на ден 11.07.2018 поради уличен дефект на ул.Палмиро Тољати бр.38 во нас.Маџари, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Палмиро Тољати од 09.25 часот до санирање на дефектот", пишува во соопштението од ЈП Водовод.

Од утрово во 9.45 часот, поради уличен дефект ф-100мм на ул.Среќко Пужалка 39 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од истата улица се до завршување на работите.