Без вода улици во Ченто

Поради уличен дефект денеска ќе има прекин во водоснабдувањето во скопската населба Ченто, информираат од ЈП Водовод и канализација.  

Денеска поради уличен дефект од Ф-80мм, ќе биде прекинато водоснабдување на корисниците од улиците Христифор Жефаровиќ, Томас Минцер и Тодор Ецов. 

Прекин ќе има од 11 часот до завршување на работите.