Без вода денеска овие делови од Скопје

Од ЈП Водовод и каналзиација-скопје известуваат дека денеска поради промена на ППХ на ул. Кара Трифун бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од ул.Милан Мијалковиќ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:45 часот до завршување со работните активности. 

Исто така, денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 150мм.на улица Вангел Начевски 22. Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Вангел Начевски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:50 часот до завршување на работните активности.