Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради уличен дефект од ф 100 мм на ул.4 с. Батинци, без вода ке останат корисниците од ул.4 с.Батинци и основното училиште.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:50 до завршување на интервенцијата.
Исто така, поради уличен дефект од ф 80мм на ул.Козле бр.36, без вода ке останат корисниците на дел од ул. Козле. Водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:35 часот до завршување со санација на дефектот.