Регионалниот центар за управување со кризи Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, ги известува граѓаните дека, среда 20.10.2021 година:
- поради изведување на водоводен приклучок ф-1“ на Христо Татарчев 2/61, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од истата улица (прва зона Припор).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со активностите (општина Кисела Вода).
Поради изведување на два водоводни приклучока ф-225 мм и 125 мм на „Беласица“ 2, без вода денеска ќе бидат и корисниците на дел од скопската населба Керамидница.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со активностите, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.
– Поради уличен дефект ф-150 мм на бул. „Јане Сандански“, без вода ќе бидат корисниците од зградите 59,61,63 и 65.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.