Бела од Ново Лисиче е на безбедно и бара љубов и топол дом

После секојдневните пријави и закани по животот за кучето Бела, од жител на населбата Ново Лисиче, таа е заловена од тимот на ЈП Лајка.

Во моментов  Бела е згрижена и се адаптира на новата средина. Важно е дека е на безбедно и ги помина сите потребни прегледи.Граѓани кои се грижеле за Бела повеќе од 8 години посочуваат дека таа не е опасна по животот на луѓето, ниту пак има агресивна природа, туку е исклучително питома.

За кратко време, со својот племенит карактер Бела ги освои срцата на вработените во прифатилиштето кои направија неколку фотографии од неа и кои ќе се потрудат да и најдат соодветен дом.