Базенот во Аеродром од денеска ја стартува сезоната за капење

Базен Аеродром најави дека од денеска ја отвара новата сезона.

Скопјани ќе имаат место плус каде ќе може да избегаат од летните горешнини , со оглед дека ниту оваа сезона тропските температури нема да го одминат скопскиот асфалт. 

Цената на билетот за целодневно капење минатата година чинеше 300 денари, додека за полудневно капење 200 денари.