Цел ден на базен за 200 денари

Цените на скопските базени горе-долу се движат околу 200 денари, но дополнителните трошоци ќе ве чинат многу повеќе. Како на пример, во ниеден од нив не е дозволено внесување на храна, вода, пијалоци, што значи дека доколку отидете на целодневно разладување, потребно е да понесете и пари за храна, сок, кафе, вода.

Аква Парк

Во состав на Спортскиот Центар, е отворен Градскиот АКВА ПАРК .Дневниот билет  изнесува 300 денари, а за децата до 4 години влезот е бесплатен. Аквапаркот е изграден на површина од 12.000 квадратни метри, располага со 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, три кафе-барови, соблекувални и прва помош.

Олимпискиот базен 

Центар за рекреативците работи од 10 до 17 часот, а пливачките клубови тренираат од 18 до 20 часот. Базенот е отворен секој ден, освен понеделник, кога ќе се прочистува водата. За безбедноста на капачите се грижат шест спасувачи, а ако е потребно, односно ако има поголем број на посетители, се ангажираат и дополнителен број спасувачи.Олимпискиот базен Центар нуди и ноќно капење кое започнва во 20 часот, а трае се до 23 часот. На базенот има отворен шанк, а лежалките се гратис. Билетите за возрасни чинат 250 денари, а за деца до 5 години влезот е бесплатен. Исто така има и билет за повеќе влеза.

Базенот Аеродром 

Цената за влез е иста како и минатата година и изнесува 200 денари за дневен билет, а на овој базен имате можност да купите и полудневен билет за периодот 15 до 17.30 часот ќе ве чини 120 денари. Влезот за децата до 2 години е бесплатен.Базенот работи секој ден од 10:00 до 18:00 часот.

Базенот Расадник

Базенот Расадник е отворен секој ден од 10 до 24 часот. Цената на дневен билет е 150 денари.