Балашевиќ во Скопје: Викајте се и Нова Каледонија ако сакате, јас пак сум ваш земјак, вие сте мои земјаци

Викајте се и Нова Каледонија ако сакате, јас пак сум ваш земјак, вие сте мои земјаци, вака Балашевиќ во 2018 го започна својот последен концерт во Македонија, во салата Борис Трајковски. 

Концерт од 3 ипол часа. без пауза, а тој ист каков што го знаеме и сакаме. Полн со духовити приказни и со топли стихови. Концерт кој ќе се памети. Песни кои ни по 40 години не се забораваат, и нема никогаш да се заборават. 

Тогаш имаше 65 години, а полн со младост, со енергија.  Со истиот хумор, ироничен, југоносталгичен, без влакно на јазикот... 

Ѓорѓе Балашевиќ  во мај 2018 година во ВИП Арената прослави 40 години од својата музичка приказна. 

За жал, неговиот живот згасна вчера, но тој никогаш нема да згасне во сеќавањата на своите многубројни фанови. 

Секогаш ќе го сакаме и ќе се сеќаваме. Големите луѓе не умираат. Имаат ден на раѓање, но не и ден на умирање.