Една година од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ

Пред точно една година осамна веста дека познатиот кантавтор кој ги полнеше концертните сали низ цела поранешна Југославија, починал како последица на коронавирусот. 

Беше член на групите„ Жетва“ и „Рани мраз“, а во 1982 година започна соло кариера. Во својата скоро петдецениска кариера, Балашевиќ одржа стотици концерти во градовите низ поранешна Југославија, сними 12 албуми и остави зад себе десетици хитови, од кои многумина станаа евергрини и химни за многу генерации во регионот.

Исто така, има глумено во неколку телевизиски серии, за кои пишувал и музика. Ѓорѓе Балашевиќ роден е на 11 мај 1953 година во Нови Сад.

По овој повод, неговото семејство најави дека нема да има голем помен, затоа што не сакаат да го слават денот кога тој починал.