Баделки на три одиграни натпревари извојуваа победи

Вчера и завчера, во спортската сала „Независна Македонија“, девојките од ЖКК Бадел 1862 од Кисела Вода на трите одиграни кошаркарки натпревари издвојуваа победи.

Имено, во рамки на второто коло од првата лига – жени, сениорската екипа на ЖКК Бадел 1862 ги надигра девојките од ЖКК Гостивар, со резултат 119-45. Додека, во рамки на првото коло од јуниорската лига М16, девојките од ЖКК Бадел 1862 ја победија екипата на ЖКК Спортисимо од Кавадарци, со резултат 95-19. Исто така, на натпреварот одигран во рамки на првото коло од младинската лига М18, кошаркарките на Бадел ја поразија екипата на ЖКК Вардар, со резултат 100-40.